-->
-->
Намирници кои можете да ги јадете без страв од дебелеење
-->
Количината на калориите кои овие намирници ги содржат е занемарлива со користа кои пружаат на нашето здравје. Затоа секогаш во вашата чинија нека има краставици, кромид...
Зелка - го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести и добро делува на организмот. Содржи витамин Ц и влакна кои често недостасуваат во секојдневната исхрана.
Грејпфрут - го стабилизира шеќерот во крвта и помага при контролирање на апетитот. Се препорачува зголемена конзумација кај луѓето кои се борат со вишокот на килограми
Свежа краставица - Иако обично се смета за зеленчук, краставицата всушност е овошје. Полна е со хранливи состојки и билни соединенија и антиоксиданти.
Тие исто така содржат голема количина на вода и растворливи влакна, што ги прави идеални за хидратација на телото и голем сојузник во губење на тежината.
100 g = 0,1 g масти, 15 калории
Домат - Здравствените придобивки од доматот првенствено произлегуваат од витамини, минерали и хранливи материи што ги содржат. Доматите се богат извор на витамини C, K, B6, тиамин, ниацин, магнезиум, фосфор, бакар, диетални влакна, фолна киселина, калиум и манган. Тие исто така содржат минимален холестерол или заситени масти.
100 g = 0,1 g маснотии, 24 калории
Зелна салата - Го смирува нервниот систем во телото. Таа содржи витамини А, Д, Е и К и влакна. Дневната конзумација на салати го контролира шеќерот, помага во губење на тежината и нормализира работата на цревата, пишува Foodal.
100 g = 0,3 g масти, 12 калории
Тиква - Ја нормализира работата на срцето и варењето, што им помага на луѓето во симнување на вишокот килограми. Содржи витамин А кој е заслужен за подобар вид, бета каротен и силен извор на влакна.
100 g=0,3g маснотии, 12 калории
Целерот - целерот го намалува ризикот на холестерол и болки предизвикани од артритис, помага и во губењето на телесната тежина, ги исфрла токсините и го намалува високиот притисок. Богат е со витамин Ц и тоа е многу корисен за здравјето
100g =0,1 маснотии, 12 калории
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка