Најстудено во Крушево, Берово и Лазарополе
Најниска температура од -6 степени утрово е измерена во Крушево, Берово и Лазарополе, -5 степени се измерени во Маврово, -4 во Ѓуриште, Охрид и Штип, -3 во Куманово, Претор и Струмица, -2 во Пожаране, Тополчани, Виница и Крива Паланка, -1 во Прилеп и Битола, нула степени во Демир Капија и Тетово, 1 степен во Дојран и Скопје, а 2 степени во Гевгелија.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето утринава во земјава е сончево, тивко и студено. Дува слаб ветер од северен правец кој повеќе е изразен на повисоките места и планините.
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен источен ветер. Утринска температура ќе се движи од -10 до -3, дневна температура од 1 до 7 степени. Во Скопје променливо облачно со умерен северен ветер и температура до 5 степени
Од УХМР информираат дека за викендот и во понеделник изутрина времето ќе биде ведро и студено. Од понеделник преку денот облачноста ќе се зголемува, а од вторник а се очекуваат повремени врнежи од дожд и снег.
Ново на Сител
-
ОЈО: Три лица под сомненија за изнуда на пари од скопјанец
-
Во Белград претпладнево ќе се одржи воена парада
-
САД планираат да му продадат оружје на Израел во вредност од речиси шест милијарди долари
-
Руски авиони упаднаа во Естонија
-
Русија ја нападна Украина со дронови и ракети, Полска крена во воздух борбени авиони
-
Вечерна богослужба и Литија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје
-
Наутро ведро и посвежо, преку ден сончевоНаутро ведро и посвежо, преку ден сончево
-
МЖСПП: По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали