Најстудено во Берово, најтопло во Штип, Велес, Виница, Демир Капија и Гевгелија
Во Берово утрово е најстудено - три степени, а натопло е во Штип, Велес, Виница, Демир Капија и Гевгелија - 12 степени.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до 7:30 часот пет степени се измерени во Лазарополе, шест во Попова Шапка, седум во Струмица и Крушево, осум во Скопје - Петровец, Битола, Охрид, Крива Паланка, девет во Прилеп и Маврови Анови, десет во Скопје - Зајчев Рид, Тетово и Кавадарци и 11 степени во Куманово, Претор и Дебар.
Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Крушево - седум литри на на метар квадратен, во Тополчани пет, во Прилеп четири, во Битола и Маврови Анови - два и на Попова Шапка и Берово - еден литар.
Во текот на ноќта времето беше променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утрово е умерено облачно, на повеќе места со умерен ветер од јужен правец.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со засилен, наместа повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Попладне под влијание на циклонска активност ќе има врнежи од дожд, најпрво во западните делови. Во ноќните часови врнежите ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 24 степени.
Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, во делови од котлината пообилни. Максималната температура ќе достигне 24 степени.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Оваа Влада не ги дели граѓаните по етничка основа
-
Блинкен вели дека 8.000 Севернокорејци на границата со Русија се подготвени за борба со Украина
-
Донесен законот за неработна недела за трговците во Федерацијата Босна и Херцеговина
-
Алкалоид бележи позитивни финансиски резултати
-
УНИЦЕФ: Најмалку по едно дете гине секој ден во Либан
-
Уставниот суд укина одредба од Правилото за сместување и ред во Армијата која се однесува на слободно вршење на верски обреди
-
Апасиев праша за признавање на Палестина, премиерот Мицкоски повика на мир
-
МВР: Зголемен бројот на фишинг-напади и случаи на лажно претставување во име на МВР и директорот на БЈБ, граѓаните да не ги отвораат овие пораки