Македонија
7. јуни 2023 - 16:31

Најранливите побараа зголемување на додатоците за 78 проценти

Ако може за функционерите 78% покачување, може и за нас: лицата со попреченост излегоа на протест пред владата. Со транспаренти и свирчиња, дел и со своите негуватели, упатија 15-ина барања до централната и до локалната власт. Бараат додатокот за попреченост да се зголеми за 78%, личната асистенција да порасне од 80 на 160 часа, но и посебен народен правобранител. Ги повикаа сите граѓани да им се приклучат и да ги поддржат во нивната битка за социјална правда.

Нашето мото е: Ништо за нас, без нас. Сакате во Европа? Не може во Европа без нас. Сите заедно. На маргините со 8 илјади денари е нула. 6 илјади денари имаме лекови, партиципираме, комунални сметки...ужас, ништо!“ – Бранкица Димитровска

Сите здрави луѓе да ни се придружат и да се избориме заедно и за нивните права, лично за своите права, а да ни помогнат и нас, да се избориме за нашите права.“ – Благојчо Горѓиев

Од локалната власт меѓудрото бараат пристапен јавен превоз, пешачки патеки, паркинг и говорни семафори. Коалицијата „Менуваме“ разочарана од односот на скопската градоначалничка. Велат пред избори ни ветуваше многу, а откако победи не сака да се сретне со нас.

Безброј пати имаме барано средба со Арсовска и секогаш сме одбиени. Дури и нејзината шефица на кабинет којашто кога нешто и треба, се јавува, а после тоа кога ќе треба да ги оствари правата, нигде ги нема. Дури сум блокиран на нејзиниот телефон.“ – Суарет Алишан

Ако не се реши јавниот превоз, најавија кривична пријава за Арсовска и ЈСП. Барањата до централната власт, пак, ги испратиле и до Уставниот суд.