Најмногу дожд на Попова Шапка

Најмногу дожд во 24 часа е наврнат на Попова Шапка, 44 литри на квадратен метар, според мерењата во 8 часот, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Пожаране има 33 литри воден талог на квадрат, 31 во Маврово, 29 во Тетово, 21 во Лазарополе, 19 во Крива Паланка, 18 во Скопје-Зајчев Рид, 17 во Куманово, девет литри на квадратен метар во изминатото деноноќие се измерени во Ѓуриште, седум во Скопје-Петровец, три во Крушево и еден во Охрид и Берово.
На Попова Шапка е измерена и најниска температура утрово, 9 степени, 10 во Лазарополе, 11 во Маврови Анови, 12 во Крушево, 14 во Крива Паланка, Тетово, Куманово, Берово и Претор, 15 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Струмица, Прилеп и Охрид, 17 степени во Битола, 18 во Штип, Гевгелија и Дојран и 19 степени во Демир Капија.
-Утрово и понатаму преовладува облачно време со локален дожд. Во југозападните и југоисточните делови понекаде има делумно намалување на облачноста. Дува слаб до умерен ветер од јужен правец, соопшти УХМР.
Во текот на денов ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 25 степени.
Според прогнозата на УХМР, во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне 23 степени.
Ново на Сител
-

Мицкоски објави специјално видео за независноста, Филипче тврди дека се слават успесите на СДСМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: Згрозени сме од политичката некултура
-

Трамп: Подготвени сме да го зголемиме економскиот притисок врз Иран
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 15 лица безобѕирно управување моторно возило
-

Расчистено разбојништво од почетокот на јули во скопско, приведени две лица
-

Маратонецот Ивановски единствен македонски атлетичар на ЕП во Бирмингем
-

Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода
-

35 години независност на Македонија - објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл во Охрид
