Најмалку седум држави и нудат борбени авиони на Хрватска
Најмалку седум држави се заинтересирани да и понудат на Хрватска купување 12 борбени авиони, објави загрепски „Јутарњи лист“.
Весникот пишува дека четвртата седница на Меѓуагенциската комисија за набавка на борбени авиони треба да се одржи денеска, по што се очекува соопштение за кои држави станува збор.
Според списокот на „Јутарњи“, од извори блиски до Комисијата, досега интерес покажале најмалку седум држави, а меѓу нив најголемо изненадување е Израел, кој повторно и нуди на Хрватска авион Ф16 Барак, поради кој пропадна претходниот тендер откако САД не му ја дозволија на Израел таа продажба.
Но, овојпат, според весникот, Израел би се договорил со производителот на авиони „Локхид Мартин“ и со дозвола од САД.
Други земји кои досега покажале интерес да и продадат бомбардери на Хрватска се: Италија, Франција, Шведска, САД, Норвешка и Данска.
Тие седум земји ја известија Хрватска дека се подготвени да продадат шест различни модели на авиони.
Ново на Сител
-
Членки на НАТО на барање на Германија го забрзуваат договарањето нови воени цели
-
Со палење на маските и василичарско оро завршува Вевчанскиот карневал
-
Почнува 29. Светско првенство во ракомет
-
По интерпелацијата на Илире Даути, партиите со свои ставови дали треба да остане на таа функција
-
На Попова Шапка 62 сантиметри снег, во Маврово 57, а во Крушево 39
-
Премиерот Мицкоски ќе ја пушти во употреба делницата Градско - Дреново
-
Грчката амбасадорка ќе го посети Собранието
-
Контингент од 72 мексикански пожарникари се приклучи во гасењето на пожарите во Лос Анџелес