Најмалку 23 африкански мигранти се удавија во бродолом кај Тунис
Најмалку 23 африкански мигранти се удавија во бродолом крај брегот на Тунис, додека се обидувале да го поминат Средоземното море на патот од Либија кон Италија, а 70 се спасени, соопшти туниската хуманитарна организација Црвена полумесечина.
Повеќе од 120 мигранти загинаа во последните неколку недели во слични инциденти во близина на Тунис, бидејќи со подобрувањето на временските услови се зголеми бројот на патувања од Тунис и Либија кон Италија со цел пристигнување во Европа.
„Морнарицата спаси 70 мигранти, додека 23 се удавија од брод со повеќе од 90 лица кои од Либија се упатија кон Европа“, изјави претставникот на Црвената полумесечина Монги Слим. Морнарицата спаси и 39 мигранти од друг брод што потона крај брегот на Сфакс.
Агенцијата за бегалци на ООН, УНХЦР соопшти дека оваа година помалку од 23.500 луѓе успеале да стигнат до Европа по морски пат, а повеќето пристигнувања се регистрирани во Италија и Шпанија од Тунис и Алжир.
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV ги повика богатите католици од САД да продолжат со донациите
-

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
