Најмалку 14 лица загинаа во терористички напад во Могадишу
Исламисти нападнаа хотел и познатата плажа Лидо во сомалиската престолнина Могадишу, убивајќи најмалку четиринаесет лица и повредувајќи над триесет, пренесе ДПА, повикувајќи се на портпарол на полицијата.
Бројот на жртвите може да се зголеми, бидејќи борбите помеѓу локалните сили и напаѓачите продолжуваат, додава агенцијата.
Потресни сцени беа споделени на социјалните мрежи, забележува ДПА. На видеата се гледаат луѓе како бегаат по плажата, обземени од ужас, додека одекнуваат истрели.
Спасувачките екипи не можат да стигнат до сите повредени поради продолжувањето на пукањето. Освен огнено оружје, се слушаат и експлозии.
Плажата Лидо е популарна дестинација за жителите на Могадишу за време на викендите. На пукањето му претходел самоубиствен напад на исламист, пренесе ДПА, повикувајќи се на податоци од полицијата.
Исламистичката терористичка група „Ал Шабаб“ ја презеде одговорноста за нападот преку изјава на своето радио, додава агенцијата.
Ново на Сител
-

Медведев го победи Алкараз и ќе се соочи со Синер во финалето на Индијан Велс
-

Иранската војска се закани дека ќе го убие Нетанјаху
-

Иран уапси 20 лица под обвинение дека биле информатори за Израел
-

Објавена „Пајажина“ од Раде Силјан со над седумдесет песни македонска родољубива поезија
-

Трамп: Не знам дали иранскиот врховен лидер е воопшто жив
-

„Кочани ви благодари“- доделување благодарници за значаен придонес во грижата за повредените по кочанската трагедија
-

УЈП: Даночната дисциплина и фер конкуренцијата одат заедно
-

Најстудено во Берово, најтопло во Виница, утринските температури од -5 до 3
