Македонија
16. January 2024 - 8:21

Најладно во Петровец, најтопло во Охрид

Најстудено утринава било во Петровец, а најтопло во Охрид, покажуваат утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Петровец се измерени -3 степени, во Струмица -2 степена, на Зајчев Рид -1 степен. Нула степени се измерени во Тетово и Гевгелија, еден степен во Крива Паланка, Берово, Маврови Анови, Куманово и Велес, два степена во Демир Капија, Штип, Крушево и Битола, четири степени во Виница и Претор, пет степени во Дебар и шест степени во Охрид.

За денеска синоптичарите најавуваат променливо облачно време, претпладне во западните и северните делови со слаби локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.