Loading Video...
Македонија
12. July 2019 - 16:56

Најголеми штети во околината на Свети Наум

Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди ги утврдува последиците кои ги предизвика невремето на охридското крајбрежје .Од силниот ветер кој достигна 140 километри на   час и пороен дожд најголеми штети има во Трпејца,автокампот Љубаништа и Свети Наум. Баба, дедо и две внучиња во Љубаништа за влакно избегнаа трагедија,откако врз приколката паднало огромно дрво, откорнати се голем  број на дрвја ,оштетни 10 тина камп приколки и три возила  и уништени покриви на објекти.

И покрај невремето кое направи хаос во овие излетнички места сепак туристите одлучија да си го продолжат својот одмор на брегот на езерото. Вчера се расчистуваше теренот а од денес граѓаните поднесуваат барања за обештетување во Локалната самоуправа.

Од кризниот штаб за елементрани непогоди велат дека во невремето кое што се случи завчера на охридското крајбрежје нема повредени лица и предизвикана е помала материјална штета .