Најдени рецензенти, учебници по историја уште нема
Стигна полугодие, но се уште децата немаат учебник по Историја и општество за 5-то и 6-то. Откако историчарите одбиваа да бидат рецензенти бидејќи не го прифаќаат новиот концепт со спојување на предмети, министерот за образование најави дека на последниот повик имало пријавени кандидати и постапката ќе завршела за брзо време.
- Очекувам според законските рокови, Националната комисија за учебници да ги евалуира кандидатите, да ги одобри, но децата имаат материјали и тие се доставени од БРО според наставната програма за Историја и општество, изјави Јетон Шаќири, министер за образование и наука.
Тој заедно со Премиерот и Ректорката промовираа нова лабораториска опрема и проекти од научно-истражувачка дејност на фармацевтскиот факултет во вредност од 23 милиони денари.
За одземените ингеренции на Општина Битола за едно училиште Шаќири рече дека било постапено законски и според записници од просветниот инспекторат.
-
Алексанадар Динев
Сите содржини од овој новинар