Надојдени води од големо невреме опустошија село во југозападна Англија
Големо невреме, проследено со обилни врнежи од дожд и со град, опустошија едно село во англиската област Корнвол, на крајниот југозапад од Британија.

Надојдените води го „збришале“ центарот на селото Коверак, во овој дел од Англија, која важи за популарен туристички локалитет, поплавувајќи ги улиците и патиштата, додека крупниот град, во големина на монета од половина фунта, ги испокршил стаклата на прозорците на куќите и малите хотели.
Интервенирале спасувачките екипи на британската крајбрежна стража кои со хеликоптери ги извлекувале луѓето од покривите на нивните куќи. За неколку семејства се јавува дека останале заробени во своите домови.
Општинските власти прогласиле вонредна состојба и побарале помош од сосдените општини, но засега не се јавува за повредени или за загинати лица.
Луѓето подоцна им изјавиле на спасувачите дека невремето траело околу 1,5 час, по што наеднаш врз селото од околните ридови се спуштила голема вода, која носела се пред себе.
Лондонските медиуми јавуваат дека силно невреме ја погодило и соседната област Девон.
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
