Над три четвртини од Бугарите се изјаснија за електронско гласање
Над три четвртини од Бугарите на вчерашниот референдум се изјаснија за гласање по електронски пат, соопшти попладнево бугарската Централна изборна комисија, врз основа на 36,80 проценти од обработени гласачки материјали.
Како што јави БТА, на референдумското прашање „дали поддржувате гласање по електронски пат при спроведување на избори и референдуми“, според досега преброените гласови, позитивно се изјасниле 78,28 отсто од гласачите, додека 21,72 одговориле „не“.
Реферндумот се одржа паралмо со вчерашнишните локалани избори, од кои досега се обработени само 36,75 отсто од гласачките ливчиња.
Предглагачите на референдумската иницијатива сметаат дека електронското гласање, кое би претставувало дополнување на традиционалниот начин на гласање на избирачки места, ќе им овоможи на бугарските државјани, пред се оние што живеат во странство, полесно да го остварат своето уставно право да учествуваат на избори и референдуми и да бидат политички претставени.
Гласањето по електронски пат ќе овозможи и обработка на резултатите веднаш по завршувањето на гласачкиот процес, а од друга страна ќе се намали и бројот на неважечки гласачки ливчиња, сметаат иницијаторите на референдумот.
Иницијативата за гласање по електронски пат беше поддржана од трите партии од владината коалиција - Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Реформаторскиот блок (РБ) и Алијансата за преродба на Бугарија (АБВ), додека против единствено се изјасни националистичката партија Атака. Останатите партии јавно не се произнесоа околу референдумот.
Сепак како што оценува Дојче Веле, иако партиите речиси воопшто не говореа за референдумот, многу медимум се обидоа да ги заплашат граѓаните дека со електронското гласање може полесно да се прават изборни кражби.
Ново на Сител
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време
-
Саливан: САД засега немаат системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ кои би можеле да ги испратат во Украина
-
Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија
-
Промовирана новата генерација полициски службеници
-
Претрес во Штип, пронајдена дрога
-
СПМ: Ковачевски, Фатмир Битиќи и Бојан Маричиќ за грешките мора да си одат и да одговараат
-
Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница