Свет
5. March 2022 - 11:40

Над 60.000 Украинци се вратиле од странство да помогнат во борбата

Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников изјави дека 66.224 Украинци се вратиле од странство за да помогнат во борбата против руската инвазија.

„Толку луѓе се вратија од странство во овој момент за да ја одбранат својата земја. Украинци, ние сме непобедливи“, порача Резников во објавата.