Над 60 санкции за еден час во Делчево и Берово
Министерството за внатрешни работи покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Делчево и Берово, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција во Делчево. „Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. До сега за помалку од месец дена откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се над 14.000 санкции, најчесто за возење со брзина над дозволената,нерегистрирани возила, а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата“, рече Ангеловски.
Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Делчево и Берово да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. „Само за еден час во денешната акциска контрола во Делчево и Берово се изречени над 60 санкции, пред се за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола и др. “, соопшти Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната засилена акциска контрола во Делчево и Берово ќе бидат презентирани утре.
Ново на Сител
-

Фудбалерките на ЖФК Скопје 2014 ја освоија титулата во македонското првенство
-

Лазаревски: Наша обврска е да го дадеме максимумот
-

Прва пресуда за злоупотребите на ИПАРД – 10 месеци затвор за обвинетата што призна вина
-

Реал до крајот на сезоната без повредениот Менди
-

Мицкоски: Историски најниска невработеност и над 15.000 нови работни места во последната година
-

Притвор за лице од тетовско, му пронашле торба со марихуана
-

Гаши: Македонскиот јазик претставува еден од столбовите врз кои се гради нашата заедничка држава
-

Мицкоски: Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жив сведок на вековната историја и најсилен израз на нашата културна и национална посебност
