Над 3.700 патници на крузер заробени во карантин откако се откриени 10 заболени од коронавирус
Десет лица, патници на крузер од карантин се префрлени во болница откако кај нив е откриено присуство на коронавирусот, а илјадници други туристи ќе останат на бродот „Дајмонд Принцес“ кој е принудно закотвен на брегот на Јапонија.
Десетте лица - двајца Австралијанци, еден Американец, тројца гости од Хонг Конг, двајца од Јапонија и еден Филипинец, член на посадата се пренесени од јапонската крајбрежна стража на копна и оттаму во блиските болници.
Останатите патници се заробени во своите кабини на крузерот „Дајмонд Принцес“ во исчекување на нивните резултати од тестирањето на коронавирусот кое го вршат лекари облечени во заштитни одела кои кружат низ крузерот.
Британскиот патник Дејвид Абел, кој на крузерот е со својата сопруга Сали, вели дека се штедело на храна, алкохолот бил забранет, а на патниците не им е дозволено да се движат низ ходниците.
Бродот денеска го напушти брегот на Јокохама каде што беше закотвен вчера, и се врати на отворено море за да собира моркса вода - која се прочистува во вода за пиење и за туширање.
Јапонија го стави бродот во карантин откако 80-годишен старец кој го напушти бродот во Хонг Конг минатиот месец беше тестиран како позитивен на коронавирусот, кој досега усмрти над 400 лица во Кина.
Сите, 3.711 патници и членови на посадата се испитуваат од вирусот и 273 од нив се подложени на натамошни тестирања, рече јапонскиот министер за здравство Катсунобу Като.
Од досега пристигнатите 31 резултат, вирусот е откриен кај 10 лица.
Като апелираше до патниците и до екипажот, кои доаѓаат од 56 земји, да соработуваат со властите и речи дека карантиниот би можел да потрае уште 14 дена - кој е пресметан максимум за инкубациски период на вирусот.
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен: Целосно стоиме зад вас, топката е во вашиот двор
-
Мисајловски: Подготвени сме да ја поддржуваме Украина, но мора да се грижиме и за нашата Армија
-
Албанската полиција на ГП „Блато“ заплени стока прошверцувана од Македонија
-
Таксист полово нападнал патничка - компанијата го отпуштила од работа
-
Пронајдена дрога кај затвореник во Идризово
-
Кривична за 33-годишник кој нападнал две деца
-
Нетанјаху повторно пред судот во Тел Авив за случаите на корупција, неговите министри бараат помилување
-
КАМ со македонска музика и локални производи прослави три децении јубилеј