Над 200 учесници на планинско-велосипедскиот фестивал „Осоговска авантура“

Повеќе од 200 велосипедисти, планинари и рекреативци од цела Македонија учествуваа на планинско-велосипедскиот фестивал „Осоговска авантура“ што годинава вторпат се одржа на Осоговските Планини.
Организатори на настанот беа друштвото за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје и велосипедското здружение „МТБ Исток“ од Кочани, а целта е на рекреативците кои планинарат и спортуваат со планински велосипеди да им се доближат природните убавини на Осоговието и потенцијалите за планински спортови.
- За учесниците организиравме две тури со должина од 48, односно 38 километри, што се возеа со планински велосипеди или се пешачеа, согласно физичката подготвеност на поединците. Патеките беа на релацијата Пониква – Лисо Брдо – Крушка – Царев Врв – Пониква, единствени во Македонија со висинска елевација од 2.000 метри. Покрај турите, учесниците имаа можност да кампуваат, да бидат дел од забавната музичко-фолклорна програма и да ги пробаат локалните рецепти за подготвување храна, рече Панче Зафиров од Здружението „МТБ Исток“.
Според Зафиров, идејата е во иднина „Осоговска авантура“ да прерасне во етаблиран планински фестивал, не само во Македонија, туку и на Балканот.
Поддршка за тоа има и од општина Кочани, од каде во ваквите настани гледаат можност за промоција на потенцијалите на Осоговието за активен одмор и рекреација во поголемиот дел од годината.
- Осоговските Планини се одлични за планински велосипедизам, но и за параглајдерство, пеинт-бол, одење по јаже и други адреналински спортови – нешто што е неопходно за развој на активниот планински туризам. Соработката на општината со граѓанските здруженија ќе продолжи со цел заеднички да придонесеме Осоговијата да се најде на мапата на меѓународните настани од ваков вид, рече градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.
За следната година се планира на планинско-велосипедскиот фестивал „Осоговска авантура“ да бидат поканети учесници и од соседните земји, со што тој ќе прерасне во меѓународен и ќе може да се бара поголема финансиска поддршка од домашни и странски извори.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Покажавме дека Скопје може да оди напред, наследивме целосен копалс на градот без преседан
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“
-

Трамп: Во наредните 10 дена ќе се знае дали ќе има договор меѓу САД и Иран
-

Шведска вети уште 1,2 милијарди евра воена помош за Украина
-

Редок вид на чапја се гнезди крај Дојранското езеро
-

Мицевски - Ле Риголер: Собранието двигател на реформските процеси кои не’ приближуваат до европските стандарди
-

Реализирана исплатата на речиси 10.000 овоштари
-

Силна порака од Роберто Росети за квалитет и поддршка: Напредна едукација и ФИФА амблеми за македонските судии
