Македонија
18. August 2022 - 8:21

На Табановце се чека 30 минути за влез и излез

На ГП Табановце утрово се чека околу 30 минути за влез и излез од државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Поради изведување градежни работи (асфалтирање), од денеска до 12 септември 2022 на патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 09:00 и 15:00 часот. Работите ќе се изведуваат само во работни денови.

Од 9 до 20 август 2022 и сообраќајот на патниот правец раскрсница Маврово – Галичник Р- 2238 е во прекин помеѓу 10:00 и 16:00 часот поради изведување градежни работи (асфалтирање). Работите се изведуваат само во работни денови.