„На прво место фармерите“ - Tера Mадре Балкан 2016
„На прво место фармерите“ е главната тема на годинашниот Tера Mадре Балкан што ќе се одржува од 2 - 5 јуни во Тирана, Албанија, и на кој ќе учествуваат 350 делегати од 13 земји, меѓу кои и Македонија.
Настанот ќе понуди серија конференции и дебати фокусирани на мултифункционалното земјоделство, законските права на малите производители, руралниот туризам и маркетингот на занаетчиските производи, земајќи ги предвид ЕУ стандардите. Темата, пак, е избрана за да се нагласи важноста на малите производители на храна, поставувајќи ја во центарот на политичката агенда и обезбедувајќи одржлив развој во регионот.
На површина од околу 100 метри квадратни која ќе биде целосно посветена на Балканот, повеќе од 50 заедници на храна и Слоу фуд президиуми ќе ги изложат и ќе ги продаваат своите производи, а плоштадот на Мајка Тереза во центарот на Тирана ќе биде домаќин на Пазарот на фармерите каде, на 50 штандови, посетителите ќе имаат можност да откријат голем број производи од заедниците на храна кои се дел од Слоу фуд президиумите и Арката на вкусот, каталогот на светскиот биодиверзитет.
Тера Мадре Балкан ќе биде можност да се претстават престојните активности за Тера Мадре Салон дел Густо кој ќе се одржи од 22 - 26 септември 2016 во Торино, Италија. Ќе учествуваат и претседателот на Слоу фуд Карло Петрини, неколку министри од албанската влада, како и градоначалникот на Тирана Ерион Велиај.
Четвртото издание на Тера Мадре Балкан е организирано во рамки на проектот на ЕССЕДРА, кофинансиран од ЕУ, а ќе се одржува во Албанија зашто мрежата на Слоу Фуд во оваа земја постојано и брзо расте.
Ново на Сител
-
Постапки против дилери на марихуана во Велес и во Скопје
-
Втора ноќ по ред неидентификувани дронови надлетуваа над воените бази во Данска
-
Претставен Меморијалниот парк во Тетово во спомен на загинатите во модуларната болница | ВИДЕО
-
Поранешен кинески министер за земјоделство осуден на смрт поради корупција
-
Г.г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си
-
Романец со сила одзел златен ланец на лице во Ѓорче Петров
-
Кривична против 28-годишен скопјанец, в затвор му нашле марихуана
-
Го прекинале кабелот кој водел до електричното броило и направиле штета на ЕВН од 1.377.911 денари - кривична за две лица