На отворено и под маски дебатираат лидерите на политичките партии, Џафери, Спасовски и Пендаровски за нов термин за избори
Повеќе од два часа дебатираат лидерите на политичките партии и премиерот Оливер Спасовски и претседателот на Собранието Талат Џафери на средба кај претседателот Стево Пендаровски во Вила Водно за терминот за парламентарните избори. Поради запазување на мерките за превенција од коронавирусот средбата се одржува на отворено под тенди, на балкон од Вилата Водно. Сите учесници на средбата се со маски и седат на растојание еден од друг.
На средбата присуствуваат претседателите на СДСМ Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, на Алтернатива Африм Гаши, на Движење Беса Билал Касами, како и претставници на ДПА.
Главна тема на лидерската средба е терминот на одржување на предвремените парламентарни избори, кои беа закажани на 12 април, но беа одложени со уредба на Владата поради прогласувањето вонредна состојба и ширењето на ковид-19. Лидерите исто така се очекува да зборуваат и за евентуално продолжување на вонредната состојба, за состојбата со коронавирусот во земјата и препораките на здравствените власти, и како да се спроведе кампања и гласање, а да се заштитат граѓаните.
Позициите на партиите се познати во јавноста, а партиски извори веќе информираат дека нивните лидери, главно официјално ги соопштиле на средбата. Лидерот на СДСМ Зора Заев кажал дека тие и нивните коалициски партнери се за избори на 14 јуни, додека од ВМРО-ДПМНЕ дека претставиле свој план од неколку точки.
Медиумските екипи се во очекување на крајот на средбата, по која се очекуваат изјави од лидерите.
Ново на Сител
-
Сончево и многу топло со температури до 40 степени
-
Пукање на семејна веселба во населбата Аеродром
-
На Табановце и Богородица за влез и излез од државава се чека околу 30 минути
-
Нетанјаху закрепнува по труењето со храна, соопшти неговиот кабинет
-
Во иранскиот град Омдије измерени 49,6 степени, на Антарктикот- минус 74,2 степени
-
Најмалку 73 лица се убиени во Газа додека чекале да добијат храна, соопшти палестинското Министерство за здравство
-
Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетово, приведено едно лице
-
Акциска контрола во винички угостителски објекти, приведено едно лице, затекнати и малолетници