Македонија
16. May 2022 - 12:05

На ГП „Долно Блаце“ уапсен 35 годишен државјанин на Албанија баран од Интерпол

На 16.05.2022 во 00.45 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, полициски службеници го лишиле од слобода А.Ш.(35) од Република Албанија затоа што при проверка било констатирано дека е евидентиран во службена евиденција со мерка „апси“ по барање од Интерпол – Шведска.
 
Лицето е предадено во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.