-->
-->
На Европскиот самит во Париз ќе се воспостави Регионална младинска канцеларија за Балканот
-->
![]()
Од 1 јануари 2017 година ќе биде воспоставена Регионална Канцеларија за младинска соработка за Западен Балкан - РИКО, беше истакнато на денешната прес-конференција во ЕУ Инфо Центарот во Скопје во организација на Францускиот Културен Центар по повод претстојното одржување на Европскиот самит за Западен Балкан во Париз.
На настанот свое обраќање имаа специјалниот претставник од Министерството за надворешни работи на Франција, кој е задолжен за организација на Парискиот Самит, Андре Грасан, француската амбасадорка во Македонија, Лоранс Оер и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески.
Амбасадорката Оер истакна дека една од најважните работи во секоја држава се младите, а поврзувањето на младите од Западен Балкан е една од клучните алки во процесот на инклузивност и развој на општествата во овој дел на Европа. Таа изрази голем оптимизам за младите со воспоставувањето на Регионална Младинска Канцеларија на Балканот, која официјално ќе биде промовирана на Европскиот Самит за Балканските држави во Париз, Франција што ќе се одржи од 4 до 6 јули.
Директорот на АМС Спасески во своето обраќање го поздрави процесот на вклучување на младите преку Регионалната Канцеларија РИКО истакнувајќи дека не само што ќе им помогне на младите од Балканот да се поврзат меѓусебно, туку истовремено ќе овозможи и јакнење на нивните вештини и знаења, вклученост на младите луѓе во промените во заедниците кои живеат, и ќе го зајакне младинскиот активизам и лидерство.
- Oваа канцеларија е насочена кон младинската соработка, младинската размена и размената на искуства, знаења и експертиза меѓу младите од Западен Балкан, кои имаат заедничко минато и кои заедно можат да придонесат за својата иднина и општествени промени. Најважниот аспект на овој процес е вклученоста на претставници од владиниот и невладиниот младински сектор, односно еднаквото право на одлучување во рамки на работната група, но и не само во неа, туку и во натамошното воспоставување и функционирање на оваа канцеларија за младинска соработка, прва од ваков вид – водена по коменаџмент принципот, со свое седиште во Тирана, но со локални национални канцеларии во секоја од останатите пет земји вклучени во овој процес, истакна Спасески.
Тој додаде дека Регионалната Канцеларија РИКО ќе биде воспоставена со финансиска поддршка од страна на секоја од владите на Македонија, Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, но и во своите органи на делување ќе вклучи претставници од младинскиот сектор кои со својата експертиза и знаење ќе придонесат за нејзиното успешно функционирање и вклучување на голем број на млади луѓе во различни програми и активност.
Спасески на крајот од своето обраќање истакна дека оваа канцеларија ги покажува и аспирациите на владите, институциите, невладините организации и младите луѓе да бидат дел од поширокото семејство на Европа и заедно да се развиваат со останатите држави кои се дел од Европската Унија.
На настанот присуствуваа и млади луѓе од граѓанскиот сектор кои ќе учествуваат на Парискиот Самит од 4 до 6 јули, каде од страна на премиерите на Македонија, Албанија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора се очекува да биде потпишана Меѓународната спогодба за формирање на оваа канцеларија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Над 130.000 казни од почетокот на „Safe City“, 95% од нив за брзo возење
-

Цената на дизелот се зголемува за 2,5 денари, на бензините за еден денар
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Уапсени две лица за пожарот кај „Рампа“ – повреден пожарникар и оштетени две противпожарни возила
-

Уапсен велешанец поради предизвикување пожар во Долно Оризари
-

Уапсени 11 лица кај кои е пронајдена дрога, при претрес во Затвор Идризово кај осуденик пронајдени таблети
-

ЦУК: Активен пожарот во месноста Пармакови Ниви во Кумановско
-

Фон дер Лајен: Итната потреба на Украина за посилна воздушна одбрана ќе биде тема на самитот на НАТО
