На „Ало докторе“ за една недела 1.183 повици

Во изминатата недела (14-20 ноември) на телефонската линија „Ало докторе“ (02/15 123) имало 1.183 повици за медицински совет.
Како што информира ЈЗУ Здравствен Дом Скопје, од 15 септември 2014 година кога почна да работи, на телефонската линија „Ало докторе“ имало вкупно 120.432 повици.
Линијата е достапна секој ден, 24 часа, со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.
Вкупно 25 доктори се достапни за медицински совет за јавувањата, кои се од граѓани од сите градови на Македонија.
- Јавувањата најчесто се за совети поврзани со кардиоваскуларни и респираторни симптоми, главоболки, сезонски настинки и симптомна болка. На лицата кои побараа здравствена помош на линијата „Ало докторе“ им е даден медицински совет и соодветна симптоматска терапија, соопшти ЈЗУ Здравствен Дом Скопје.
Ново на Сител
-

Денес посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Трамп тврди дека Иран е целосно поразен
-

Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани
-

Работнички протест на ССМ во Скопје со барање за минимална плата од 600 евра
-

Над 100 малолетници загинале во Либан поради војната додека раселувањето нагло расте
-

Во Кочани литургија и општ парастос за упокоените во пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Најмалку 77 бродови поминале низ Ормускиот Теснец од почетокот на воените дејствија во регионот
-

Облачно со услови за повремен локален дожд
