На aктерката Дени Кван и е забрането снимање филмови, бидејќи е премногу секси
Министерството за култура на Камбоџа и забрани на актерката Дени Кван да снима филмови во периодот од една година, затоа што официјалните лица сметаат дека е премногу секси.
Кван (24) која играше во неколку филмови има повеќе од 300.000 следбеници на Фејсбук, но истакнува дека многу од нејзините улоги не се ни приближно еротски како некои сцени кои снимиле нејзини колешки, пишува во британски Сан.
- Во Камбоџа работат голем број сексапилни уметници. Некои од нив учестувале во многу повеќе еротски сцени. Јас знам дека мое право е да се облекувам како што сакам, но нашата култура тоа не може да го прифати. Ќе се обидам да не бидам толку многу „секси“ како што досега било случај“, рече актерката за Камбоџа дејли.
Таа објасни дека до ваков став дошло после состанокот со официјалните лица од Министерството за култура, кои, како што велат, ја советувале како ќерка. Сепак, таа рече дека го задржала правото во приватниот живот да се облекуква како сака.
Ново на Сител
-
Без вода утре остануваат повеќе улици во општините Центар и Аеродром
-
ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово
-
Брутална тепачка во Виница, маж со скршен череп и во кома по пресметка пред ресторан
-
Пукање во Куманово, ранет кандидат за советник во Липково
-
Почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи, набавени рекордни 80.000 дози
-
Почина Халид Бешлиќ
-
Дебарските пожарникари за девет месеци евидентирале 92 интервенции
-
Валверде нема да игра за Уругвај против Доминиканската Република и Узбекистан