Македонија
5. јуни 2020 - 16:56

МВР им прогледа низ прсти на оние кои во полициски час бегаа од карантин

Полицијата била принудена да им прогледа низ прсти на оние кои синоќа заглавија по патиштата во полициски час обидувајки се да побегнат од градовите во карантин. Од МВР информираат дека се вршеле редовни и засилени контроли.

Заменик министерката на МВР допонително информираше дека поради напливот на граѓани во Охрид за време на викенд карантинот, во градот се испратени дополнителни полициски сили кои ќе контролираат дали се почитуваат рестриктивните мерки.  

По пауза од осум дена Скопје повторно беше под полициски час, а патролите на МВР беа во редовна контрола дали тој се почитува. Се проверуваше и носењето на заштитна опрема.

Од МВР потсетуваат дека секој оној кој има потреба од здравствена интервенција за време на карантинот може слободно да отиде до амбулантите, од каде ќе добие потврда со која ќе може да го оправда излегувањето од дома пред полициските патроли.