-->
-->
Мукаетов: Максимална мобилизација за олимписките квалификации
-->

На денешната седница на УП на РФМ беше усвоен извештајот на селекторот Ивица Обрван за настапот на нашата репрезентација на штотуку завршениот шампионат на Европа во Полска. Претседателот на РФМ Живко Мукаетов истакна дека младоста и тимскиот дух биле пред искуството на првенство (во игрите на Норвешка и Германија), а за нашиот пласамн истакна дека целта да се мине првата фаза била успешна, но дека лошите игри со Хрватска и Белорусија (пред се вториот) во сенка ги ставиле успешните настапи со Франција, Полска, Норвешка па и со Србија. Мукаетов ја призна грешката за превременото напуштање на репрезентацијата од страна на помошникот Данило Брестовац, но затоа за Олимписките квалификации ќе претстои комплетна мобилизација.
- Целта е пласман на ОИ во Рио, ова е втора шанса за Македонија, но последна за оваа генерација. Сите ние сакаме и гориме од желба да се пласираме на ЛОИ. Секој што ќе ја искомпромитира таа мисија во системот на РФМ, вклучувајќи нѐ и нас, нема да бега од одговорност и секој треба да ја понесе. Ако тоа не го исполниме, спремни сме да понесеме одговорност. Ќе дадеме максимум, ако тоа се бара, спремни сме и да се повлечеме и некој друг да продолжи со раководењето. Барам максимална подршка да го исполниме сонот на сите нас, истакна Мукаетов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

РКЕ: Нови цени на горивата од полноќ, бензините поскапува за три, дизелот за шест денари
-

Димитриеска-Кочоска: Владата донесе одлука за намалување на акцизата на горивата
-

Милановиќ со критики за францускиот протокол: Вучиќ не требаше да биде сместен пред Пленковиќ на воената парада во Париз
-

Две лица загинаа и повеќе од 80 се повредени за време на прославите на светската титула на Шпанија
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани осум пожари на отворено, еден сè уште активен
-

Трамп сака САД наскоро пак да бидат домаќини на СП во фудбал
-

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар, активно се следи состојбата на терен
-

Бернам: На Велика Британија и треба нов политички и економски модел
