Мугабе во домашен притвор, Мнангагва назначен за привремен претседател

Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе и неговото семејство се наоѓаат во домашен притвор, соопшти зимбабвиската телевизија Њуз 24.
Според локалниот медиум, 93-годишниот шеф на државата се подготвувал да поднесе оставка.
Владејачката партија на Зимбабве, Зану-ПФ објави на Твитер дека Емерсон Мнангагва е назначен за привремен претседател на државата наместо 93-годишниот Роберт Мугабе.
Мнангагва (75) беше потпретседател на Зимбабве се додека владата не го разреши поради „нелојалност“. Таа смена беше примена како подготовка за сопругата на Мугабе да ја преземе власта од него бидејќи таа претходно сама побарала од сопругот смена на Мнангагва.
Партијата негира дека во државата е извршен воен удар туку дека случувањата во Хараре биле „пренесување на власта без пролевање крв“.
Војската синоќа ја презеде власта во Зимбабве, нагласувајќи дека не е извршен државен удар, туку само интервенција против „криминалците околу претседателот Роберт Мугабе кои им причинуваат социјално и економско страдање на луѓето“. Тие истакнаа дека претседателот и неговите најблиски се на безбедно и се живи и здрави.
Опозициската партија Движење за демократска промена повика за мирно враќање кон уставна демократија во земјата, додавајќи дека интервенцијата на војската ќе доведе до воспоставување на стабилна, демократска и напредна држава.
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека прекинот на огнот е на „апарати за дишење“, го нападна „глупавиот предлог“ на Иран
-

Товарно возило усмрти 89-годишен росоманец, затворен патот Градско – Прилеп
-

Муцунски за „средбата“ со Чамова: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно и несоодветно. Македонците се Македонци
-

Лазаров: Словачка е репрезентација која има изграден систем
-

Жалбена расправа за убиствата на Вања и Панче: Палевски тврди дека има пропусти, обвинителството ја брани пресудата
-

Ниту еден од 13-те обвинети полицајци за пожарот во „Пулс“ не призна вина
-

Агенцијата за филм во август ќе распише конкурс за снимање македонски серии
-

СЗО: Ризикот од хантавирус во Европа е низок
