Муцунски: Собранието дава илјадници евра за патни трошоци – а не ми дава да си го внесам тротинетот внатре
Новиот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски мораше да најде алтернативен паркинг за својот електричен тротинет бидејќи собраниското обезбедување денеска не му дозволи да го внесе во собраниската зграда бидејќи за тоа имало забрана.
„Собранието е подготвено да исплати илјадници евра патни трошоци, а истовремено има забрана за внесување на електрични тротинети во зградата.
Собраниската бирократија мора да ја промениме, посебно кога е во интерес на животната средина и штедење на буџетски средства.“ – напиша Муцунски на социјалните мрежи.
Од 500 па до 47.000 евра земале пратениците за патни трошоци во деветтиот парламентарен состав. Рекордери најчесто се пратениците на СДСМ и коалицијата кои патуваат од внатрешноста до своето работно место. Вкупно за патни трошоци потрошени се 1.495.996 евра.
Најскапо нè чинел пратеникот Алија Камберовски од ПЕИ, кој беше дел од коалиција на СДСМ. Патува од Струга, тоа го чинело 47.450 евра. Втора на листата исто така е пратеничката од СДСМ, Бети Рабаџиевска-Наумовска од Ресен со вкупен износ од 45.918 евра. Пратеникот на Алијанса за Албанците, Сурија Рашиди кој патува од Струга, за тригодишниот мандат земал 42.261. Следува неговата колешка Делчево, Мира Стојчевска. Таа за три години инкасирала 41.632 евра.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево