МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец декември 2022 година започна денеска, информираат од Министерството за труд и социјална политика.
– Корисниците на парични права кои што поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 4 јануари 2023 година, стои во соопштението од МТСП.
Оттаму дополнуваат дека со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
04.01.2023– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ
05.01.2023– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Ново на Сител
-
Пожар во една од највисоките згради во Буенос Аирес
-
Дурмиши: Утре или најдоцна задутре треба да се достави Предлог-одлуката за ограничување на маржите до Владата
-
Русија е подготвен да произведува авиони од петта генерација Су-57 во Индија
-
Зеленски подготвен за размена на територии со Москва: Украински области заземени од Русија во замена за Курск
-
Коцевски: Моето постапување во случајот со Вишото јавно обвинителство е согласно закон
-
Данската разузнавачка служба предупредува дека Русија може брзо да се подготви за војна во Европа
-
Обновата на Газа ќе чини повеќе од 53 милијарди долари
-
Запленети 4,5 кг кокаин - приведени две лица