МТСП: Поради топлиот бран, инспекторите за труд на терен и викендов
Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ги потсетува работодавачите на нивната обрска за почитување на препораките за заштита на работниците, во деновите со неповолни временски услови за работа, односно топлотниот бран кој ја зафати земјата.
На работодавачите им се препорачува да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.
МТСП информираме дека Државниот инспекторат за труд, во текот на викендот работи со дежурни екипи од 30 инспектори. Прекршувања на препораките може да се пријават на телефонски број 075 402 856, а контакт лице е Слаѓана Андоновска.
Министерството потсетува дека согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови врз населението во Република Македонија, а со цел заштита на здравјето на луѓето, препорачува од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години.
Министерството за здравство препорачува да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а особено се препорачува на установите за згрижување на децата (детски градинки) да не ги изнесуваат децата на отворено и да не практикуваат физичка активност во истиот период.
Ново на Сител
-
Европскиот суд ќе пресуди за пораките на Фон дер Лајен со директорот на „Фајзер“
-
Зеленски му ја честита победата на Рама: Успех во служба на народот
-
Началникот на ГШ Лафчиски на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Брисел
-
Во Стопанската комора дискусија за иднината на македонската економија
-
Сончево и топло до 24 степени
-
Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот
-
Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП 2027
-
Мерц: ЕУ ќе воведе построги санкции кон Русија доколку неделава во Истанбул нема напредок во преговорите