МТСП: Градинките и дневните центри прекинуваат со работа, бремените жени и хронично болните да останат дома
Министерството за труд и социјална политика(МТСП), согласно заклучоците, мерките и препораките на Владата ја известува јавноста дека следните 14 дена ќе биде прекинат воспитно – образовниот процес и наставата во сите детски градинки, центрите за ран детски развој како и во дневните центри на територијата на Република Македонија, а вработените лица во овие институции ќе бидат ослободени од работа.
За спроведување на оваа мерка се задолжуваат сите државни институции и јавните претпријатија основани од државата, општините, ЈП и другите правни лица основани од општините и се препорачува на приватниот сектор, еден од родителите на децата до 10 години, што ќе бидат ослободени од обврската да одат во градинките или да ја следат наставата, да бидат ослободени и од обврската да ги извршуваат работните обврски и нивното отсуство за време на овој период да биде евидентирано како оправдано од работодавачот.
Се задолжуваат сите државни институции и јавните претпријатија основани од државата, им се укажува на општините, ЈП и другите правни лица основани од општините и се препорачува на приватниот сектор, времено да ги ослободат од работа и работни активности бремените жени и хронично болните лица.
Дополнително, на возрасните и повисокоризичните категории на граѓани со хронични болести им се препорачува да го намалат движењето и да го избегнуваат јавниот превоз.
Кабинет на дополнителната заменик министерка Санела Шкријељ
Ново на Сител
-
Атаман прогласен за најдобар тренер на Евробаскет 2025
-
Италијанскиот мотоциклистички тркач Котини почина по повреди на трка
-
Шредер МВП на Евробаскет 2025
-
Запленети 204 банкноти и монети за колекционерски цели на скопскиот аеродром
-
Притвор за управителот и уште три лица за пожарот во Трубарево
-
Санкционирани 105 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-
Трамп: Би можел да прогласам вонредна состојба во Вашингтон
-
Гувернерот на Јута вели дека мотивот за пукањето во Кирк е сè уште нејасен, но осомничениот имал левичарски ставови