Балкан
17. August 2023 - 11:48

Мртво бебе пронајдено во бунар во Хрватска, уапсена 20-годишна девојка

20-годишна жена е осомничена за кривично дело тешко убиство на новороденче во Перушиќ, чие тело беше пронајдено на 4 август, објавија хрватските медиуми.

„Полициските службеници од Службата за криминалистичка полиција завршија обемна и сложена кривична истрага во врска со откривањето на телото на новороденче во областа Перушиќ, кое беше пронајдено на 4 август 2023 година. Од спроведената кривична истрага е утврдено дека осомничената, 20-годишна хрватска државјанка, сторила кривично дело тешко убиство“, соопшти хрватската полиција.

Во меѓувреме девојката е уапсена, соопштија од полицијата и додаваат дека заради заштита на семејството не можат да откријат повеќе детали, пишува Јутарњи лист.

Порталот „Слободна Лика“ објави дека тело на новороденче е пронајдено во селски бунар во местото Прван Село кај Перушиќ. Го пронашол сточар кога дошол да земе вода од бунар. Новороденчето е пронајдено во речиси напуштена населба, па се претпоставува дека е донесено таму.