„Мрак" - нова поетска книга на Ристо Лазаров
Издавачката куќа „Везилка 2011" од Скопје ја објави дваесет и седмата поетска книга на Ристо Лазаров, насловена „Мрак". Книгата содржи 43 песни распоредени во шест циклуси.
Во поговорот кон книгата насловен „Поетски светлини во сеопштиот мрак", поетот и универзитетски професор Владимир Мартиновски напоменува дека најновата книга на Лазаров опева мракови кои не се далеку од нас: во утробата на земјата или во некое далечно, егзотично минато.
- Ристо Лазаров пее за мраковите сега и тука. За мракобесието кое е наше секојдневие. За мракот денес. Во песните поместени во „Мрак" не се прави обид да се ублажат и замазнат мракот и злото. Неправдите и злоделата не се релативизираат. Тоа се храбри, стамени и хумани песни. Впрочем, целата најнова поетска книга на Ристо Лазаров е смела, храбра, бунтовна. Во ова лицемерно време, на сите ни е потребна една ваква книга-опомена. Затоа, иако е именувана Мрак, пред нас, во суштина, е една светла книга, заклучува Мартиновски во предговорот на книгата.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија