МПС: Вакцинацијата на вработените во МВР е во делот на приоритетните фази
Македонскиот полициски синдикат (МПС) информира дека се во постојани преговори со Владата, Министерството за здравство и Министерството за внатреши работи во однос на вакцинација на вработените во МВР. Како што соопштија од Синдикатот, нивната вакцинацијата е планирана во делот на приоритетните фази, односно во II фаза од Националниот план за вакцинацијата од Ковид 19.
-Ние сме во постојани преговори со Владата, Министерството за здравство и Министерството за внатрешни работи, а од кабинетот на премиерот имаме добиено писмено известување дека на нашите доставени писмени барања се прифатени т.е од нивна страна одговорено е позитивно дека вакцинацијата на вработените во МВР е планирана во делот на прироитетните фази односно во II фаза, соопштија од МПС.
Од Синдикатот посочуваат дека се и во секојдневна комуникација со Советот на Европските полициски синдикати, каде членки се Германија, Шпанија, Франција, Португалија , Италија, Кипар, Грција, Романија, Бугарија, Албанија и сите земји од поранешната СФРЈ.
МПС, како што соопшти, е рамноправен член за нивно ангажирање и лобирање кај нивните Влади за донација на Владата на РСМ од вакцини за Ковид-19, кои би биле исклучиво наменски за припадниците на МВР.
-Ние како синдикат би прифатиле донација на вакцини од нашите братски синдикати од соседството и Европа и вакцинацијата секако би се вршела во нашите здравствени установи. Далеку од здрав разум е да бидат изготвувани списоци со лични податоци на наши членови кои воедно се припадници на безбедносните сили на РСМ, и доставување на странски држави, со што автоматски би го загрозиле безбедносниот систем на државата, се наведува во соопштението на Синдикатот.
Ново на Сител
-
Кац: Израел е решен да го победи Хамас во Газа, ќе дејствуваме како една тупаница
-
Пожарот во ловиштето „Јасен“ сè уште активен, одбраната на објектите на претпријатието продолжува и во текот на ноќта
-
ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија
-
Левит: САД имаат многу алатки за да помогнат во завршувањето на конфликтот во Украина
-
Трамп: Постојат 25 проценти веројатност состанокот во Енкориџ да не успее, Путин е подготвен на договор
-
ЦУК: Од вкупно 27 пожари на отворен простор, активни се шест
-
Студентите во блокада за вечерва најавија нови акции во повеќе српски градови
-
Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило