МПС: Ги информираме нашите членови дека будно ги следиме сите постапки во кои се вклучени полициски службеници
Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен синдикат за вработените во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија,во врска со настаните кои се случија изминатите неколку денови во кои беа инволвирани полициски службеници, го информира своето членство а и целокупната јавност во нашата земја за активностите кои како Синдикат ги превземавме и тоа:
Од страна на МПС во целост ке се следи ваквата постапка до завршување на постапката, во насока на заштита на правата на полициските службеници и заштита на достоинството на професијата полицаец, и континуирано ке ја известува јавноста за целиот тек на постапката.
МПС целосно ке ја следи ваквата постапка до завршување на постапката и за целиот тек на постапката ке ја информира јавноста.
Ги информираме полициските службеници дека МПС е со нив и дека активно ке се вклучиме во остварувањето на правото на бесплатна правна помош на полициските службеници со личен избор на адвокат кој ке ги застапува во постапката а со цел докажување на основано ста на примената на полициските овластувања и докажување на нивната невиност.
Ги информираме нашите членови дека будно ги следиме сите постапки во кои се вклучени полициски службеници и дека позади нив секогаш стои колективната сила на Македонскиот Полициски Синдикат и колективната сила на Европскиот совет на Полициски синдикати во кој активен член е МПС, и кој Совет сегогаш е со јасна и недвосмислена подршка на нашите членови, на што сме сведоци во изминатите денови во кои добивме јавна подршка од Европскиот совет на Полициски синдикати.
Нашите членови можат да бидат цврсто уверени дека не се сами во ваквите тешки моменти и дека секогаш здружени користејки ја колективната сила на Синдикатот максимално ке се залагаме за заштита и остварување на сите права како и за достоинството на професијата која ја извршуваме.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден