МПЦ побара Бугарската православна црква да и биде црква-мајка
Светиот синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија испратил писмо до Бугарската православна црква во кое бара од нив да бидат нивна црква-мајка ако ја признаат афтокефалноста на МПЦ-ОА, јавува МИА.
Писмото е испратено на 9 ноември до Светиот синод на Бугарската црква по редовна седница на МПЦ-ОА во Скопје на која било едногласно одлучено да се упатат одредени предлози и барања до сестринската црква.
- Македонската православна црква – Охридска архиепископија ќе ја препознае и признае Бугарската православна црква – Бугарска Патријаршија како Мајка Црква, која прва ја прифаќа и признава нејзината автокефалност, истата ја обзнанува и актуелизира, претставува и се застапува за неа пред Вселенската патријаршија и пред другите помесни цркви, се нагласува во писмото.
Синодот од Скопје бара од БПЦ да воспостави „евхаристичко единство со возобновената Охридска Архиепископија во лицето на Македонската православна црква“.
Со евентуалното потпишување меѓу двете цркви, се бара воспоставување единство меѓу двете епископии што ќе биде основа за „евхаристичко единство и со епископиите од останатите помесни православни цркви“.
МПЦ се надева на прифаќање на нивните предлози од Светиот синод на БПЦ „за доброто на секвукпната црковна полнота“.
Ново на Сител
-
Ангелов: Активен тежок пожар во ловиштето „Јасен“, дејствуваат два полициски и еден армиски хеликоптер
-
Во Албанија активни 30 пожари, пет се најкритични
-
Лото - игра на среќа со семејна традиција, ритуал во кој среќните броеви ни поттикнуваат надеж
-
Уапсен 19-годишник во Куманово, со него затекнато 14-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Приведени двајца росоманци, пријавени за закани кон градоначалник на Кавадарци и неговото семејство
-
44-годишник си ја истепал сопругата и нејзиниот малолетен син
-
Во сообраќајка на патот Куманово-Свети Николе, повредени неколку лица меѓу нив и тримесечно бебе
-
ЈП Водовод и канализација: Апел до скопјани за рационално користење на водата за пиење