МП: На Менкиноски во саботата му бил пратен законски текст со вграден дел од амандманите
На преговарачот од ВМРО-ДПМНЕ за новиот закон за јавното обвинителство, Тони Менкиноски во саботата му бил пратен законски текст со вграден дел од амандманите што не ги загрозуваат постапките и статусот на СЈО, а кои во главно се однесуваат на одредби од Етичкиот кодекс во законот, велат од Министерството за правда.
-Тоа е материјалот по кој ВМРО-ДПМНЕ треба да изгради став, имајќи предвид дека јасно нѝ е предочено кои се критериумите за отпочнување на преговорите и дека од нив отстапување не може да има, посочуваат оттаму.
Менкиноски денеска бил повикан на средба во Министерството за правда, но тој побарал одложување бидејќи сѐ уште не изградиле партиски став за одредени прашања.
Поканата за денешната средба доаѓа по изјавата на Менкиноски дека иако на последната средба со министерката за правда Рената Дескоска доставиле 65 амандмани за законот и се договориле да се видат повторно за амандманите, поминало повеќе од една недела, а од Министерството за правда не му се јавиле.
Ново на Сител
-
Модриќ стана најстариот играч во историјата на Класико
-
Во Владата ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за општините
-
Државата троши нешто повеќе од 1 500 денари по глава на жител за правосудството
-
Трипл-дабл на Леброн Џејмс во победата на Лејкерс над Сакраменто
-
Пронајдена дрога во Битола
-
Светска програма за храна: Во светот 733 милиони луѓе се соочуваат со глад
-
Флик издвои еден играч по победата над Реал
-
Колективна оставка од Комисијата за помилување