Свет
8. October 2015 - 13:03

Можно е продолжување на мисијата на НАТО во Авганистан

Можно е да се наметне потреба силите на НАТО да останат подолго во Авганистан од планираното, изјави денеска во Брисел германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен.

- Одлуката за тоа во основа ќе зависи од состојбата на теренот, нагласи Лајен по пристигнувањето на средбата на министрите за одбрана на НАТО, што денеска се одржува во Брисел. 

Таа нагалси дека и покрај тоа што авганистанските сили успеаја да ги потиснат талибанските бунтовници од Кундуз и да ја повратат контролата над градот, сепак се поставува прашањето дали тие ќе бидат способни да се справат со опасноста од талибанците по повлекувањето на силите на меѓународната коалиција од Авганистан.

- Траба да видиме колкав напредок е поситгнат и дали ќе биде потребно да останеме подолго (во Авганистан), додаде Лајен.