Македонија
19. January 2021 - 8:51

Можна појава на голомразица поради ниските температури на патните правци низ државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози.

Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.