Мотоциклист го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа на патот Радовиш-Штип
Тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Радовиш-Штип, вчера, 35-годишен мотоциклист од струмичко Василево го загуби животот.
Како што соопштуваат од МВР, мотоциклистот излетал од коловозот управувајќи моторцикл „јамаха“, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница Штип каде од страна на лекар била констатирана смрт.
-На 02.08.2024 во 22.05 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш-Штип, моторцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од С.М.(35) од село Василево, струмичко, излетал надвор од коловозот. По несреќата, мотоциклистот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош, каде од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш, соопштуваат од МВР.
Ново на Сител
-
Приведен бегалец од затвор, баран со потерница за доиздржување на над четири години затворска казна
-
По повод 8 Септември македонското знаме кренато во Њујорк
-
Си и Путин му ја честитаа на Ким Џонг Ун годишнината од основањето на Северна Кореја
-
Атина денеска без такси превоз поради 24-часовниот штрајк на таксистите
-
Израел изврши напади врз Сирија, најмалку петмина загинати
-
Синер со победа на Фриз го освои УС Опен
-
Нападната српска амбасадорка во Мадрид
-
Одбележани 33 години независност, честитки и пораки за единство и сплотеност