Свет
23. October 2015 - 12:06

Москва потврди дека Џими Картер и ги предал мапите на положбите на ИД

Москва потврди дека поранешниот американски претседател Џими Картер и ги предал на Русија мапите на положбите на радикалните организации на Исламска држава во Сирија, изјави официјалната претставничка на руското МНР Марија Захарова, јави Танјуг.

Картер претходно изјави дека во мај и ги предал на руската амбасада мапите на положбите на ИД во Сирија, по разгворите со рускиот претседател Владимир Путин.

- Можам да потврдам дека оваа информација одговара на реалноста. Навистина, на руската страна и се обрати Џими Картер со предлог да ни ги испрати мапите кои ги состави неговиот претседателски центар, а кои го покажуваат актуелниот распоред на спротивставените страни во Сирија, вклучувајќи ги позициите на владината армија, ИД и други организации, рече Захарова.

Според неа, добиените географски податоци не се строго доверлива информација.