Москва ја повика Анкара да се врати кон мирно решавање на курдското прашање
Москва ја повика Анкара, поради катастрофалните последици од операцијата на турската војска во југоисточниот регион на земјата, колку може побрзо да се врати кон мирно решавање на курдското прашање, изјави денеска Марија Захрова, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, јавува ТАСС.
Таа посочи на ситуацијата во Турција, бидејќи наскоро во Истанбул ќе се одржи Светскиот самит за хуманитарни прашања.
Захарова посочи, дека според официјалните податоци, од јули 2015 година во зоната на антитерористичките операции загинале над 300 жители, и дека секојдневно пристигнуваат информации за нови жртви.
- Пред неколку дена високиот комесар на ОН за човекови права ја осуди операцијата на турските сили за безбедност, и повика да се разгледаат информациите за нарушување на човековите права, особено оние дека не се дозволува пристап на медицински персонал до ранетите, нагласи Захарова.
Ново на Сител
-
Запалена новогодишна елка пред ТЦ „Бисер“
-
Во Белград и денеска блокади и протести поради трагедијата во Нови Сад
-
Трипуновски: Историски 500 денари за килограм тутун за прва класа
-
Слаб снег на Плетвар, магла на патот Тетово - Попова Шапка
-
Тешко повредени двајца градежни работници од Скопско
-
Македонија против Полска во баражот за пласман на СП 2025
-
Јаневска: Секој граѓанин треба да ги знае и почитува државните симболи
-
Уште еден случај на опожарено возило - овој пат во Ѓорче Петров