Моралес потврди дека ги повикал граѓаните да се самоорганизираат

Поранешниот претседател на Боливија, Ево Моралес, го оправдува повикот за формирање вооружени групи во неговата земја, што го испратил до граѓаните, чии снимки беа објавени на државното радио.
Моралес, кој е во егзил во Аргентина, потврди дека е неговиот глас, што се слуша на аудио-снимка, со повик на формирање вооружени милиции „како оние во Венецуела“, бидејќи луѓето имаат право да се бранат доколку бидат нападнати од новата влада.
Тој прецизираше дека не значи да се вооружат овие групи со „оружје“, туку да се организираат одбранбени групи на граѓани кои отсекогаш постоеле во неговата земја.
– Во Боливија, ако вооружените сили пукаат и убиваат луѓе, луѓето имаат право да се организираат за своја безбедност“, рече Моралес во изјава за западни медиуми.
– Понекогаш, тие групи беа нарекувани милиции, подоцна синдикална безбедност или синдикална полиција, а на некои места беа наречени комунални чувари. Ова не е ништо ново, рече поранешниот боливиски претседател.
Во објавената ради снимка, Моралес рече дека тој и неговите приврзаници „верувале премногу“ пред минатогодишните претседателски избори и требало да има „план Б“.
„Ако се вратам (во Боливија) или некој друг се врати, мора да се организираме, како во Венецуела, со вооружени милиции на народот“, се слуша во клипот.
Моралес ја напушти Боливија во ноември по политичките немири предизвикани од контроверзната изборна победа, доби азил во Мексико, но потоа се пресели во Аргентина. Најмалку 29 луѓе загинаа во судири на полицијата и демонстрантите во немири, а во средината на декември боливиските обвинители издадоа налог за апсење на Моралс поради обвинувања за бунт и тероризам.
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ - системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла
-

Трета европска титула за Данска за славје во Хернинг
-

Ѓоковиќ: Карлос млад си има уште време пред тебе
-

Алкараз е новиот шампион на Австралија опен
-

Хрватска го освои бронзениот медал
-

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција
-

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, останува забраната за камиони и автобуси на патот Шипковица-Попова Шапка
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
