-->
-->
Момче тешко повредено во сообраќајка на патот Кичево-Гостивар
-->
Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 13:10 часот на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај Зајас.
Од МВР информираат дека несреќата се случила меѓу автомобил „Киа рио“, со охридски регистарски ознаки управувано, од А.И.(45) од Струга и товарно моторно возило „форд транзит“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.Ф.(34) од с.Колари.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во товарното моторно возило, А.А.(21) од с.Зајас, кој бил пренесен во Медицински центар Кичево за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две лица каснати од кучиња скитници во Скопје
-
Кумановец со „туран“ удрил жена пешак
-
Малолетник со мотор „кмт“ удри жена во Скопје
-
Жена ограбена на атинска плажа – кражбата непланирано пренесена во живо за време на линк
-
Српските власти почнуваат со формирање на локалната власт, опозицијата бара граѓанска непослушност
-
Мај годинава просечно топол и нормално врнежлив
-
Од патарина за пет месеци инкасирани 23,6 милиони евра, во пораст користењето електронски уреди
-
Лога испрати писмо до Брисел, Вашингтон и амбасадите - загрижен е дека се подготвуваат закони за распуштање на Судскиот совет и Советот на Јавни обвинители