Македонија
20. јуни 2021 - 11:46

Момче со палка демолира автомобил во Битола | ВИДЕО

На „Твитер“ беше споделено видео од Битола нa кое може да се види како младо момче со палка демолира автомобил.

– Добро утро, како спиеше комшија?! По улици возрасни убиваат, деца со палки се шетаат, сѐ е отидено, пишува во описот на видеото.

Засега не се познати причините поради ваквиот потег на младото момче, кој е неговиот мотив за ваквото дело.