-->
-->
Модерен контролен центар за безбедност на автопатот Демир Капија - Смоквица
-->
Безбедноста на сообраќајот на автопатот Демир Капија - Смоквица и на двата тунела, што се пуштаат денеска во употреба ќе се следи преку Контролниот центар кај Неготино. Со 24-часовен видео надзор се покриени тунелите на автопатот преку кои до возачите ќе стасуваат предупредувања во случај на сообраќајки, дефекти во системот, евентуално затворање на сообраќајот...Во двата тунела се инсталирани 64 камери. Центарот обединува четири посебни системи преку кои меѓу останатото на возачите ќе им стасуваат потребните известувања со автоматско вклучување преку фреквенцијата на радијата во автомобилите. Ќе се мери брзината на движење, густината на сообраќајот, издувните гасови...
Покрај софистицираната опрема со камера за видео надзор и безбедност, достапни ќе бидат и противпожарна и шлеп служба. Во Контролниот центар се ангажирани 17 лица, односно по четворица советници за контрола на сообраќајот и ЕСКАДА контролори, како и осум техничари. Следењето на сообраќајот преку Контролниот центар во иднина ќе се прошири на целиот потег од Велес до Гевгелија.
Ова е прв Контролен центар на автопатите во Македонија. Ваков Центар ќе има и кај Петровец за контрола и управување на сообраќајот од Табановце до Велес, а планирано е да се изгради и на автопатот Кичево – Охрид. Сите контролни центри ќе бидат интегрирани во заеднички Контролен пункт лоциран кај Петровец.
Контролниот центар на новата автопатска делница беше изграден по анексот на договорот за изградба за автопатот во октомври лани, со кој беа опфатени и градежните зафати за дислоцирање на далновод на МЕПСО. Центарот и далноводот беа клучните причини за продолжувањето на активностите на терен.
Со пуштањето во употреба на автопатската делница од Демир Капија до Смоквица во должина од 28,2 километри се заокружува со целосно автоапатското решение - Коридорот 10 низ територија на Македонија. Инвестицијата изнесува 270 милиони евара.
На пуштањето на автопатот ќе присуствуваат премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Директоратот за проширување во Европската комисија, Кристијан Даниелсон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Лазаров го објави поширокиот список за баражот за СП 2027
-

Лавров: Долгорочно решение за Украина невозможно без решавање на основните причини за кризата
-

Според најнов извештај на Репортери без граници, Србија најлошо рангирана во регионот
-

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради протест
-

„Си-Ен-Ен“: Според нецелосните проценки на Пентагон, војната против Иран досега чини околу 25 милијарди долари
-

Искршени врати, компјутери, смарт табли - Вандализирано ОУ „Ванчо Прќе“ во Штип, над 1.100 ученици нема да имаат настава
-

Вандализам е причината за немање на настава во најголемото штипско училиште „Ванчо Прќе“
-

Астероид именуван по папата Лав XIII
