МНТ стана член на Европската театарска конвенција
Македонскиот народен театар стана член на Европската театарска конвенција (European Theatre Convention-ETC) - најголема европска мрежа на театри. МНТ е зачленет за време на интернационалната конференција на ЕТС која се одржа од 21 до 24 април во Театр де ла Мануфактур во Нанси, Франција.
- Македонскиот народен театар како национална институција беше предложена од повеќе реномирани театарски куќи од Европа и стана полноправна членка на ЕТС заедно со повеќе од 40 театри-членки од 25 земји, 8.000.000 посетители, илјадници уметници од 20 земји и 16.000 претстави и настани годишно. Членството овозможува пристап до состаноците и овозможува итеракција со колегите/соработниците од цела Европа, а тоа честопати резултира со заеднички проекти и размена. Дел од членките кои го креираат животот во мрежата ЕТС се од Австрија, Белгија, Италија, Германија, Норвешка, Холандија, Унгарија, Грузија, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Финска, Франција, Турција, Украина и од други земји, соопшти МНТ.
Мрежата ЕТС е основана во 1988 година за промовирање на современиот театар, поддршка на мобилноста и размена на актерите низ цела Европа и пошироко. Целта е да ја потврди улогата на театарот и револуционерна сила при формирање на европската сцена, нудејќи пристап до културата на сите генерации преку висококвалитетни креативни и иновативни театарски проекти.
Конференцијата на ЕТС што се одржа во изминатите четири дена беше на тема „Театарот надвор од границите“ и учествуваа над 40 режисери, уметници, драматурзи и продуценти од повеќе од 25 државни театри од Европа.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Потребна е поддршка за членство во ЕУ | ВИДЕО
-
Николоски во работна посета на Атина, ќе се разговара за подобро регионално поврзување
-
Рама: Косово мора да ги исполни условите на ЕУ или ќе остане изолирано
-
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ
-
Сообраќајниот метеж во Њујорк го натера Макрон да му се јави на Трамп | ВИДЕО
-
Ѓоковиќ се враќа на теренот, го потврди настапот во Шангај
-
У15: Македонските фудбалери поуспешни од Косово
-
Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика