Loading Video...
Свет
16. September 2020 - 20:42

Многу европски земји бележат нов раст на случаи со Ковид-19, Шведска со најниска стапка на инфекција на континентот

Додека многу европски земји бележат нов раст на случаи со Ковид-19 Шведска сега го ја има една од најниските стапки на инфекција на континентот. Во последните седум дена регистирани се само 108 нови случаи. Од 120.000 тестирања во изминатата недела само 1,2 отсто биле позитивни. Главниот шведски епидемиолог, Тегнел вели дека таму болеста нема да се врати како во другите европски земји. Шведска имаше уникатен пристап на борба против коронавирусот. Таму немаше карантини и отворено беше се, а властите досега не препорачуваа носење маски.

Еден од седум волонтери кои ја примиле руската вакцина против коронавирусот имале несакани ефекти, објави руското министерство за здравство. Од над 300 волонтери кои учествуваат во трифазното испитување на вакцината, 14 отсто се пожалиле на здравствени проблеми по приемот на вакцината „Спутник 5“. Меѓу симптомите кои ги доживеале се болки во мускулите, ицрпеност и висока температура. Влијателни медицински списанија објавија студии кои покажуваат дека вакцината е 100 отсто ефикасна и оти сите 76 учесници од првиот тест развиле антитела на Ковид-19.

Белград се согласил на дијалог чиј исход мора да биде признавање. Ова денеска на онлајн дискусија го истакнал косовскиот премиер Хоти, додавајќи дека во оваа фаза се изготуваат елементите за конечен договор, односно конечно признавање на Косово од страна Србија. Косовскиот претседател Тачи, пак, побара од Собранието итно да усвои резолуција со која ќе му забрани на Хоти да преговара за формирање Заедница на српски општини на Косово.Преговорите Белград – Приштина продолжуваат и утре. На експертско ниво ќе се разговара за финансиските обврски на двете страни, вклучително и воените надоместоци и пензиите.