ММФ води паралелни преговори со Грција за нова финансиска програма, Атина негира

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) води паралелни преговори со Грција за нова финансиска програма, пишува „Прото тема“, повикувајќи се на изјавата на претставникот на Фондот, Џери Рајс.
Вчера Рајс изјави дека ММФ поставува услови за учество во новата програма, а тие услови се однесуваат на поголеми реформи и одржливоста на државниот долг.
Претставникот на Фондот ја остава отворена можноста институцијата да донесе решение дали да учествува во сегашната спасувачка програма во рамките на месец декември.
Тој го услови времето за донесување на одлука со извештајот за одржливоста на државниот долг, кој ќе биде претставен пред Управниот одбор на ММФ во декември.
Рајс забележа дека државниот долг и пензискиот систем на Грција не се одржливи и треба да бидат преземени соодветни мерки.
Неколку часа подоцна, грчката Влада ја негираше информацијата.
- Нема никакви паралелни преговори. Ако ММФ реши да учествува во спасувачката програма, ќе постави свои услови, изјави претставник на грчкото Министерство за финансии.
Ново на Сител
-

Истражување: Колку ПХЕВ ја загадуваат животната средина?
-

Принцот Ендрју со претставка до полицијата поради неговото апсење во врска со Епстин
-

Шпанија оди на предвремени избори, премиерот Санчез ги распиша за 29 ноември
-

Одбележување на Светската недела на вселената
-

Заврши уште едно успешно издание на ендуро трката во Делчево со рекорден број учесници и публика
-

Седници ќе одржат собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната
-

Србија/Избори 2026 - Измина рокот за доставување изборни листи
-

Жесус: Роналдo кoгa сaкa можe дa ce врaти вo репрезентацијатa
