Ракомет
28. July 2016 - 9:17

Младите македонски ракометари против Норвешка на стартот на ЕП

Младите македонски ракометари против Норвешка на стартот на ЕП 
 
Колдинг, 28 јули 2016 (МИА) – Младата машка ракометна репрезентација на Македонија против Норвешка ќе го започне својот настап на Европското првенство за играчи до 20 години. 
 
На шампионатот кој се кој се одржува во Данска, македонските младинци, ќе имаат тека задача во конкуренција на Норвежаните, домаќините Данска и селекцијата на Холандија да освојат едно од првите две места кои носат пласман во следната главна фаза.
 
Натпреварите од Ц групата ќе се играат во Колдинг, каде ќе настапуваат и селекциите од Д групата: Унгарија, Германија, Хрватска и Шведска.
 
Градот Вамдруп ќе биде домаќин на А групата во која ќе играат  Франција, Швајцарија, Србија и Полска како и дуелите од Б група во која се селекциите на Шпанија, Исланд, Словенија и Русија.
 
Распоред на натпреварите на македонските младинци на ЕП: 
Норвешка – Македонија (четврток, 17:45 часот)
Македонија – Данска (петок, 20:00)
Холандија – Македонија (недела, 18:00).  ит